ПО 45 МИНУТИ СЕ ЧЕКА НА ТАБАНОВЦЕ И НА ПЕЛИНЦЕ Колони возила за влез и излез во Македонија

Чекање до 45 минути на граница, ограничувања за камиони за време на викенди и горештини.

276

Поради зголемениот број патувања за време на летните одмори, забележана е поголема фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Пелинце, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). Времето на чекање на овие премини е околу 45 минути. На останатите гранични премини, не се бележат подолги задржувања.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои опасност од одрони. Најризични се делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. И то петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Поврзани содржини