ГОРАТ ШУМИ И ЛИВАДИ НА 7 МЕСТА Изгаснати се 19 пожари, 3 се под контрола
Активни се пожарите кај селото Нивичино меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, кај селото Грешница, општина Македонски Брод, меѓу селата Локвица и Крапа, исто така во Македонски Брод, кај селото Беловиште во општина Прилеп, меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино. На овие места горат шуми.
На територија на Македонија остануваат активни 7 пожари. Три пожари се ставени под контрола, а 19 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите кај селото Нивичино меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, кај селото Грешница, општина Македонски Брод, меѓу селата Локвица и Крапа, исто така во Македонски Брод, кај селото Беловиште во општина Прилеп, меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино. На овие места горат шуми.
Активни се и пожарите кај селото Вакцинце во општина Липково и меѓу селата Горно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, каде што гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп, кај селото Латово во општина Македонски Брод и кај тунелите на автопатот Е-75 во општина Демир Капија.