📷 СЕ ОЖЕНИ СТЕФАН ОД „НЕКСТ ТАЈМ“ Невестата Тинеа во венчаница како од бајките
Стефан Филиповски, од музичкото дуо „Некст Тајм“, во саботата се ожени со својата долгогодишна девојка Тинеа од Белград.
Стефан Филиповски, од музичкото дуо „Некст Тајм“, во саботата се ожени со својата долгогодишна девојка Тинеа од Белград. Стефан и Тинеa го изговорија судбоносното „да“ на црковна церемонија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Тие се свршија пред околу една година.

По венчавката во Соборниот храм, која се одвиваше во интимен круг од семејството и најблиските пријатели, младоженците имаа свадбена прослава.
Тинеа носела елегантна венчаница со корсет украсена со делови од тантела, додека Стефан се одлучил за црн костум (смокинг) и вратоврска т. н. пеперутка, а си го задржал својот заштитен знак и ја врзал косата во опавче.

Среќниот момент го споделија и неговиот брат-близнак Мартин Филиповски, како и сопругата на Мартин – Андреа, кои на социјалните мрежи објавија фотографии од свадбената церемонија.
Тинеа и Стефан веќе неколку години се во врска, а сега ја крунисаа својата љубов со брак.
