„НЕ ГАСИ ЈОЦО СО ФАПОТ НА ЗАЕВ ОД 1975 ГОДИНА, ПЛАНОТ НА СДСМ ЗА ХАОС НЕ УСПЕА“ Петрушевски предупреди за видеоснимки од подметнување пожари
Планот на СДСМ за хаос не успеа, особено не во Скопје, каде подметнувачите очигледно беа најмногубројни, па се фрлија на памфлет прес-конференции дека слабо оди справувањето, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Секојдневно сме сведоци на потпалување на пожари ширум Македонија, повеќе од очигледно е дека пожарите не се палат сами, т.е. како резултат на превисоките температури, туку се работи за човечки фактор, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференција во партиското седиште.
– Во текот на вчерашниот ден излезе снимка од која се гледа како човек потпалува пожар во Делчево, а потоа бега од местото. Претходно посочивме за најдени дрва потопени во бензин, гума и ракавици на повеќе локации. Дополнително, секојдневно сведочиме на нови фатени или приведени лица, од кои голем дел водат до опозицијата лично – рече Петрушевски.
Оттука, додаде тој, ги повикуваме институциите уште пожестоко да постапат кон сите кои подметнуваат пожари.
– Дека станува збор за сценарио говори и фактот што СДСМ со денови со чудна злорадост ликува на пожарите, иако институциите реагираа како никогаш до сега. А, сето тоа поради дополнителната опрема и високата мотивираност. Планот на СДСМ за хаос не успеа, особено не во Скопје, каде подметнувачите очигледно беа најмногубројни, па се фрлија на памфлет прес-конференции дека слабо оди справувањето. Од СДСМ забораваат дека сега, за разлика од порано имаме доволен број на возила, авиони и мотивиран персонал, а не Јоцо со Фапот на Заев, од 1975 година. Нема повеќе импровизации, ниту аматеризам. Институциите работат посветено – рече пратеникот Бране Петрушевски.
