ВЕЧЕРА НА СМЕТКА НА ДРЖАВАТА Секој Јужнокореец ќе добие по 100 евра за да ги потроши во ресторан

Земјата се подготвува да дистрибуира еднократна финансиска помош за сите граѓани од 21 јули со цел да ја поттикне потрошувачката.

1,248

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Mјунг ги повика граѓаните почесто да јадат надвор од дома како дел од иницијативата за зголемување на домашната потрошувачка, објави денеска неговиот кабинет.

Вчера Ли вечерал во ресторан во центарот на Сеул со членови на неговиот персонал во обид да им даде поддршка на малите ресторани и локалните трговци кои се соочуваат со пад на потрошувачката.






„Лично се надевам дека граѓаните ќе ги посетат блиските ресторани за да ги поддржат овие бизниси, што пак ќе придонесе за заживување на локалната економија и ќе претставува чекор кон посветла иднина за Јужна Кореја“, напиша Ли на социјалните медиуми.

Повикот е во време кога земјата се подготвува да дистрибуира еднократна финансиска помош за сите граѓани од 21 јули со цел да ја поттикне потрошувачката.

Износот на помошта е речиси 100 евра по лице и варира во зависност од приходите на домаќинството.

Ли претходно им наложи на високите службеници да подготват мерки за максимизирање на ефектите од исплатата, што е дел од дополнителен буџет во рамките на поширок пакет економски стимулации.

Поврзани содржини