ПУКАЊЕ ВО СКОПСКО БАТИНЦИ Едно лице е повредено, полицијата трага по напаѓачот

Маж бил застрелан во близина на селото Батинци, истрагата е во тек, а полицијата трага по сторителот.

1,374

Во близина на влезот на селото Батинци, утрово во 10:15 часот е пријавено пукање, при што едно лице е повредено, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Во СВР Скопје било пријавено дека лице употребило огнено оружје и пукало кон друго лице. Повредениот е префрлен во здравствена установа каде му е укажана медицинска помош“, соопштија од МВР.






Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата за утврдување на мотивите и околностите под кои дошло до пукањето е во тек. Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот, кој е во бегство.

Поврзани содржини