Луд, збунет, (не)нормален…

И затоа целата оваа камуфлирачка врева на суријата што се влече по „лидеро“ и обидите за сѐ – повторно, како и порано – да се обвини „националистичката“ македонска партија и особено оваа нова власт небаре нивните потписи стојат на оние монструозни договори и историскиот пораз на македонската таканаречена дипломатија. Иако, само ако се потсетите на нивните имиња – Шеќеринска, Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и компанија, а сега Филипче, Каранфилова-Пановска, Шукова, Жерновски…, но и на сите оние сурати уште од 1993 година – ќе видите дека тоа е само еден голем соцреалистички блеф, циркус „Медрано“, неморална игранка на група беспризорни политиканти.

331

Веќе е тажно, ако не и налудничаво, да се гледаат крајно безобразните обиди на врхушката на „куќнион совет“ и на нивните сѐ уште верни загари како очајнички – по којзнае кој пат – се обидуваат да го прередат мозаикот во своја полза околу последниве катастрофални случувања со македонските евроинтеграции, небаре јавноста заборави што се случуваше во изминативе седум години, каква антидржавна и антинационална реа се ширеше низ државава од нивната меѓународна „политика“. Со очи ширум затворени за минатото, за историјата, за македонскиот идентитет и култура и за сѐ што барем малку наликуваше на некакво позитивно национално чувство, тие со славенички фанфари склучуваа крајно негативни – да не речам ретардирани! – и непропорционални меѓународни договори, чиишто ефекти сега ни се удираат од глава.

Тоа, во физиката, но и во политиката, се вика – акција и реакција. И само луд, збунет или (не)нормален тоа не го разбира!






И затоа целата оваа камуфлирачка врева на суријата што се влече по „лидеро“ и обидите за сѐ – повторно, како и порано – да се обвини „националистичката“ македонска партија и особено оваа нова власт небаре нивните потписи стојат на оние монструозни договори и историскиот пораз на македонската таканаречена дипломатија. Иако, само ако се потсетите на нивните имиња – Шеќеринска, Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и компанија, а сега Филипче, Каранфилова-Пановска, Шукова, Жерновски…, но и на сите оние сурати уште од 1993 година – ќе видите дека тоа е само еден голем соцреалистички блеф, циркус „Медрано“, неморална игранка на група беспризорни политиканти.

Или, ако баш сакате, ќе повторам: нели пред само неколку дена „лидеро“ беше во Берлин на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), каде му бакнувал рака на Шолц – на Шолц, за што? – „за континуираната поддршка од Владата и од СПД – сестринската партија на СДСМ за заштита на македонскиот идентитет“?! Па каде е идентитетот штом Шолц го заштитил, во која СПД дупка се сокрил та никој не може да го види во таа Европа?

Затоа, кој е овде луд, кој збунет а кој (не)нормален? Или тие сериозно нас нѐ мислат такви штом сега на сите звона звонат дека токму оние погоре спомнати ликови кои државава ја претворија во бугарско-македонски кванташки пазар и тргуваа со сѐ во неа успеале да го внесат „македонскиот јазик и идентитет во европските документи, да ја зачува националната посебност и да ги отвори вратите на Европа за Македонија“. Па кој тогаш ги договараше и потпишуваше Преспанскиот договор, Договорот за пријателство и добрососедство, протоколите…, кој на релацијата Муртино-Ќустендил воведуваше ист јазик, а на дијагоналата Скопје-Софија измислуваше „заедничка историја“? Еден пак новопечен дипломатски шарлатан испратен „на служба“ само заради партиската позиција – и за среќа експресно вратен! – денес обвинува дека „Дипломатската мрежа е разурната, партизирана и нефункционална“ а новиот министер е со „ниту еден пријател стекнат“! Па каква ли функционална била таа мрежа со него во неа?! И со Османи на чело? И кои ли, по ѓаволите, се неговите стекнати пријатели освен оние од врхушката? Чаушеску, можеби?

И ако навистина, како што пелтечи оваа шушумига која ни глумеше дури и некаков градоначалник, Македонија „денес е без компас, без насока и без глас во светот“, тогаш тоа е придобивка зашто нивниот компас не препознаваше ништо друго освен личниот џеб, насоката им беше ограничена на Софија и на Брисел, а гласот муртинско-ќустендилски! Компасите се калибрираат, насоки се преизбираат и гласот се менува, но никако не се менува она што го немате – политички и човечки морал, стручност, чесност… односно сето она што им недостасува на неговите партиски побратими.

И просто е неверојатно дека возрасни луѓе и понатаму не ја гледаат штетата од сите нивни„победи“, од хаосот во којшто ја оставија земјата на сите полиња, а особено во меѓународните релации, не си ја препознаваат веќе патолошката омраза кон спротивната македонска политичка партија, што, пак, ги води во секојдневни напливи на лудост, збунетост и, да простите, ненормалност. Зашто не можете да пуштате во јавноста да дрдорат за политика некакви политикантки од „Прогрес“ кои ќе ни држат „лекции“ за придобивките од Преспанскиот договор“, за договори со ФРОНТЕКС но не и со бугарија (малите букви се…), па дури и ќе ја озборуваат и претседателката на Македонија. Таа и таква недоличност и безобразие, тоа непочитување на ништо освен на теснопартиските интереси и хиерархија е невиден пример во европската современа политика.

Затоа, впрочем, како што со нивните меѓународни „победи“ викани Преспански договор и Договор за пријателство и добрососедство отворено маршираа контра македонската историја и сегашност, контра македонската култура и идентитет, логично е сега што не можат да ги разберат принципите на физиката за акција и реаквија, применливи и во секојдневниот живот, а особено во политиката. Бидејќи, без оглед што и како мисли таа политикантска збирштина, да ги немаше нивните налудничави идеи за некакво бесплатно експресно влегување во еу (малите букви се…) на онаков подол начин, да ги немаше сите нивни акции што предизвикаа оправдан гнев во државата, немаше да ги има денес ни овие реакции. И тоа е едно од суштинските животни правила коишто или ги знаете или – не ги знаете. А тие не знаеа ништо. Освен криминално коруптивните дилови со нивните пајташи од дуи (малите букви се…)!

Но дури ни тие денешни реакции „нашиве“ не можат да ги разберат: дека сега, после нивното такво антимакедонско однесување ставено дури и на хартија како меѓудржавен договор, и Софија и Брисел сметаат дека се во право и инсистираат на договореното. И затоа, особено Софија, обвинува дека Македонија ја краде бугарската и европската историја, дека ние ја манипулираме или драстично ја негираме нивната улога во развојот на европската цивилизација, дека тие со меѓудржавен договор го добиле правото да се чувствуваат како наши историски ментори итн.

Единствено што е и понатаму нејасно кај овие политички и историски туткуни вгнездени во онаа секта што глуми партија, е прашањето дали тие навистина се толку налудничави, збунети или глупави, па не ги разбираат скандалозните димензии на направената штета, или сето ова е само претстава од којашто мислат дека ќе излезат со – чисти раце. Можеби рацете и ќе си ги видат подзачистени, ама совеста – никако. Без оглед каква сѐ дечурлана ќе извадат на јавната сцена којашто ќе пелтечи за нешта што тотално не ги разбира.

Како што впрочем се прават дека не разбираат ни каква „држава“ оставија после нивното седумгодишно дивеење не само на меѓународен план, дека токму нивното криминално однесување во сите државни сегменти ја донесе денес Македонија на ова дно, дека да не беа нивните коруптивни скандали, индиферентноста кон криминалот, неказнивоста, кон комплетното седумгодишно игнорирање на реформските процеси…, а особено нивните меѓународни „победи“, државата денес можеби ќе имаше поинаква основа, па и насоки. Тие единствено не беа луди или збунети кога комплетно ја партизираа државата и ја ограбуваа долж и попреку цели седум години, кога суријата партиски шарлатани делеше слаткоречиви лекции за демократијата, за правдата, за меѓународната политика…, но и за правото тие да прават што сакаат со државата небаре таа им е дедовина.

Но, повторно и по којзнае кој пат: овој и ваков манир – или поправо авторитарен шаблон – комбиниран со неморално, некултурно и со арогантно однесување не е од вчера. Трае веќе три децении, промовирајќи некаква квазидемократија низ сомнителни хибридни селски патчиња, државна економија низ криминална приватизација и гангстерски дилови, практикува „прогресивност“ и „интелектуализам“ од најцрн соцреалистички тип… Цели три децении, а заради нивната ограниченост, тесноградост и некомпетентност, тие и нивните сулуди идеи се вистинската кочница на развојот културата, науката, образованието, меѓународните односи… Нивните налудничаво збунети ликови лебдат над сите (или повеќето, да бидам политички коректен!) македонски порази, при што секогаш по дебаклите виновен е – другиот!

Како и денес, нели.

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини