ДОАЃА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ СО ВЕТЕР НАД 80 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Силни грмежи, интензивен дожд и услови за град

Претпладне времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно, наместа со невреме.

1

Жолто предупредување за невреме со силен ветер издаде Управата за хидрометеоролошки работи.

„Утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, наместа со пороен дожд и со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и силен ветер од западен правец, со брзина над 60 километри на час, а повремено ќе дува со брзина над 80 километри на час и со услови за појава на град“, се вели во предупредувањето на УХМР.

Претпладне времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди,

Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 7  степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 31 степен.

 

Фото: УХМР

 

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево, а попладне нестабилно во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и со грмежи, краткотрајно  во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 10 до 28 степени.

И во следните денови нè очекува слично време.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град.

 

Фото: УХМР
Поврзани содржини