ЕДИНСТВЕН РЕАЛЕН ПОПИС СЕГА Е ОНОЈ ОД 2002 ГОДИНА Престанете да ги лажете Албанците, од голтари станавте милионери, а тие се иселуваат, ѝ порача Мицкоски на ДУИ
Тие коишто се главната причина што Гостивар во 2002 година имаше 85.000, а во 2022 година има 26.000 жители помалку, донесоа методологија со која ги лажеа Албанците, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Уставниот суд чиешто мнозинство го избра претходната влада на СДСМ и ДУИ, донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот кој го направи владата на СДСМ и ДУИ. И сега немаме реален попис и апликативна методологија и сега зборуваме за податоци од пред 20 и повеќе години. Во моментот тоа е единствениот реален е пописот од 2002 година, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата.
Тој одговараше на новинарско прапање врз основа на кои статистики ќе се подготвува методологијата за вработување на припадниците на заениците, согласно идниот закон за правична застапеност во јавната администрација, а имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд за пописот и резидентното и нерезидентното население. Судот неодамна укина делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на резидентно и нерезидентно население бидејќи оцени дека не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок.
– Така работеше таа влада, мамејќи ги граѓаните. ДУИ ги мамеше Албанците, оти тие сегогаш се обраќаа само кон нив, а ние се обраќаме кон сите и кон Македонците, Албанците, Турците, Србите, Бошњаците, Власите и кон Ромите… Тие коишто ги мамеа Албанците повеќе од 22 години, тие коишто се главната причина што Гостивар во 2002 година имаше 85.000, а во 2022 година има 26.000 жители помалку, донесоа методологија со која ги лажеа Албанците – рече Мицкоски.
Така се однесуваат и сега, и ќе продолжат да ги мамат албанските гласачи, а тоа е само за да успеат да дојдат повторно на власт, додаде тој.
– Тие немаат друга цел, сè друго е лага. И со кого ќе прават влада, со, според нив, антиалбанската ВМРО? Оти јасно е дека кога и да има избори, ВМРО убедливо ќе победи. Како ќе прават влада, еве да ги прашам? Со кого ќе прават влада? Затоа, да не веруваме на тие пораки кои доаѓаат од опозицијата, посебно од ДУИ. Тие не знаат да дадат предлог да подобра еконовија, да обезбедат работни места, да донесат нова инвестиција. Се обидоа еднаш со зелената платформа, ама од зеленото изгледа остана само зелената боја на банкнотите што ги ставаат во џебовите. И нормално, да купуваат трговски центри и скапи автомобили. Тие не знаат како да го подобрат здравството, како до поквалитетно образование. Единствено што знаат е оваа тема да ја коментиаат, ама и тоа не го прават добро затоа што 23 години ги лажеа Албанците. Од голтари стааа милионери во тие години. И резултатот е 89.000 жители во Гостивар во 2002 година, наспроти 59.000 во 2024 година. Тоа е суштината. Тоа е методологијата – одговри Мицкоски.