📽️ 📷 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ЖОТА И БРАТ МУ ЖИВИ ИЗГОРЕЛЕ Затрашувачки снимки од местото на несреќата

Првичните информации од полицијата велат дека на Жота наводно му се дупнала гума при престигнување, што ја предизвикало несреќата.

5,662

Шпанските медиуми пристигнале на местото на несреќата каде загинаа фудбалерот на Ливерпул Диого Жото и неговиот брат Андре и пронашле шокантна сцена.

Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер кој играл за Пењафиел, кога излетал од автопатот А-52 на 65-тиот километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.






Според првичните информации на Жота наводно му се дупнала гума при престигнување, што ја предизвикало несреќата.

Предупредуваме дека содржината пред вас може да биде вознемирувачка за некои луѓе.

Автомобилот бил целосно уништен и изгорен во пожар што го зафатил.

Погледнете ја фотографијата направена претходната ноќ.

 

Детали за несреќата

Двајцата браќа загинаа во сообраќајна несреќа што се случила 40 минути по полноќ додека се движеле кон Бенавенте, кога гума пукнала при престигнување.

Несреќата се случила во раните утрински часови на автопатот А-52 во близина на градот Чернадиља во покраината Замора. Според првичните информации, луксузниот автомобил „Ламборџини“ во кој патувале браќата ја изгубил контролата и излетал од патот, по што се запалил. Се верува дека несреќата се случила поради пукнатина на задната гума при обид за претекнување, што предизвикало експлозија и пожар што ја зафатил и околната вегетација.

Еве ги првите изјави од полицијата за причината за несреќата.

„Сообраќајната несреќа се случила утрово во 00:30 часот на 65-тиот километар од автопатот А-52, во општината Чернадиља, во покраината Замора. Возилото излетало од патот, а сите индикации укажуваат дека гума пукнала при претекнување. Како резултат на несреќата, автомобилот се запалил и двете лица во возилото загинале. Додека резултатите од форензичките тестови се чекаат, една од жртвите е идентификувана како Диого Жота, фудбалер на Ливерпул, а другата како неговиот брат, Андре Силва“, се вели во соопштението.

Очевидци веднаш ја повикале полицијата, но и покрај брзата реакција, било предоцна. Тие ги пронашле телата во изгорениот автомобил, а поради сериозноста на штетата, првично не можеле да го утврдат нивниот идентитет.

ЗАГИНА ЅВЕЗДАТА НА ЛИВЕРПУЛ Диого Жота почина заедно со брат му во страшна несреќа во Шпанија

Поврзани содржини