ГРАЃАНИТЕ ВО БАНКИТЕ ДОЛЖАТ 4,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Најмногу се задолжиле со потрошувачки и со станбени кредити

Истовремено банките располагаат  9,904 милијарди евра депозити на  граѓаните и компаниите. Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра.

652

Граѓаните и компаниите им должат на банките  8,357 милијарди евра од кои 4,220 милијарди е долгот на граѓаните, а 4,056 милијарди евра должат компаниите. Истовремено банките располагаат  9,904 милијарди евра депозити на  граѓаните и компаниите. Депозитите на граѓаните изнесуваат 6,696 милијарди евра, а на компаниите 2,782 милијарди евра.

Ова го покажуваат податоците на Народната банка за мај, според кои, вкупните кредити за еден месец пораснале за 1,1%, додека вкупните депозити за еден месец пораснале за 1,4%.






На годишно ниво растот кај кредитите изнесува 12,1%, а кај депозитите 12,2%.

 

Податоците покажуваат дека и овој месец на месечно и годишно ниво граѓаните најмногу се задолжувале преку потрошувачките и станбените кредити, каде што е забележан месечен раст од 1,2%, соодветно, при годишен раст од 9,6% и 14,4%. Повеќе од 2,17 милијарди евра е износот на потрошувачките кредити, додека  1,62 милијарди евра изнесуваат станбените кредити.

Интересно е што е забележан пад кај  автомобилските кредити и тоа за 1,6% на месечно  и од 0,7% на годишно ниво, но граѓаните за купување автомобил должат 6,6 милиони евра кај банките.

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад од 0,2% и од 8,0%, но тука граѓаните должат околу 140 милиони евра.

Негативните салда на тековните сметки пораснале за 4,8% на месечно ниво и за  2,3% на годишно ниво.

Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5% на месечно и за 9% на годишно ниво.

Поврзани содржини