ВО БИТОЛА ГОДИНАВА САМО 529 ПРВАЧИЊА Во споредба со лани има 238 првачиња помалку

365

Новата учебна година во Битола ќе ја почнат 529 првачиња и тоа е за 238 првачиња помалку затоа што лани беа запишани 767 првоодделенци.

Најмалку првачиња запишани се во основните училишта „Александар Турунџев“ и „Св. Кирил и Методиј“. Во училишните клупи во Кукуречани ќе седнат 10 деца. Најмногу првачиња, вкупно 94, се запишани во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“.






Од секторот за образование на Општина Битола за МИА потврдија дека во сите основни училишта има помал број првачиња. Според евиденцијата во ООУ „Ѓорги Сугарев“ ќе учат 30 првачиња, во ООУ „Трифун Пановски“ запишани се 37, во ООУ „Коле Канински“ запишани се 43, а во ООУ „Гоце Делчев“  – 45 првачиња. Само 30 првачиња ќе учат во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во селото Бистрица.

Помал број првачиња годинава ќе учат и во основните училишта „Тодор Ангелески“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Даме Груев“, посочија од Општина Битола.

Поврзани содржини