ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ПОВЕЌЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, ТЕХЕРАН МЕЃУ ЦЕЛИТЕ Бомбардирана е област покрај нуклеарниот реактор во Арак

Израелската војска ги предупреди Иранците да го евакуираат подрачјето на нуклеарниот реактор со тешка вода, кој се наоѓа на границата на градовите Арак и Хондаб во централен Иран, поради нивна безбедност, објави Тајмс оф Израел.

169

Израел утрово нападна област во близина на нуклеарниот реактор со тешка вода Хондаб во централен Иран, кој е дел од нуклеарната програма на Иран, објавија иранските медиуми.

Според ирански официјални лица, објектот бил евакуиран пред нападот и нема ризик од зрачење.






Израелската војска ги предупреди Иранците да го евакуираат подрачјето на нуклеарниот реактор со тешка вода, кој се наоѓа на границата на градовите Арак и Хондаб во централен Иран, поради нивна безбедност, објави Тајмс оф Израел.

Реакторот со тешка вода се наоѓа на периферијата на Хондаб.

Војската соопшти дека работи во областа против иранската воена инфраструктура.

Истражувачкиот реактор е делумно изграден и порано бил познат како Арак, а Техеран ја известил Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека планира да започне со работа на објектот следната година.

Тешката вода помага во ладењето на нуклеарните реактори, но произведува плутониум како нуспроизвод што потенцијално би можел да се користи во нуклеарно оружје.

МААЕ го повика Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки.

Инспекторите на МААЕ, според извештаите, последен пат го посетија Арак на 14 мај.

Израел изврши повеќе напади врз Иран

Претходно, израелската војска рано утрово соопшти дека извршила повеќе воздушни напади врз Иран.

Целите биле главниот град Техеран и други области на земјата, соопштија вооружените сили околу 4 часот наутро.

Претходно, Иран испали неколку ракети кон Израел, според израелската војска. Првично немаше извештаи за жртви од меѓусебните напади.

Кратко потоа, израелските вооружени сили ги повикаа жителите на областите во иранските градови Арак и Хондаб да побараат засолниште.

Од почетокот на војната минатата недела, во Иран се убиени вкупно 639 лица, вклучувајќи најмалку 263 цивили, според агенцијата „Активисти за човекови права“ (HRANA), група ирански активисти со седиште во САД. Организацијата се потпира на официјални податоци и на локални извештаи.

Во Израел, каде што се достапни безброј засолништа, досега имало 24 смртни случаи, од кои сите биле цивили, според израелската страна.

📽️ 📷 ИРАНСКА РАКЕТА ПОГОДИ БОЛНИЦА Најмасовни напади досега на Иран врз Ерусалим и врз Тел Авив

Поврзани содржини