📽📷 РУСИЈА УДРИ ПО КИЕВ, ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВАЛЕ ЦЕЛА НОЌ Загинаа 14 лица, Американец е убиен од шрапнели

Во нападот врз Киев се 44 лица, а оштетени се станбени згради, образовни институции и критична инфраструктура.

458

Најмалку 14 лица, вклучувајќи еден Американец, беа убиени во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко.

„Во нападот во украинскиот главен град беа повредени 44 лица. Штети беа предизвикани на станбени згради, образовни институции и на критична инфраструктура“, напиша Клименко на Телеграм.






Порано, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека еден американски државјанин загинал во нападот.

– Американецот беше убиен од шрапнели – изјави подоцна Клименко.

Експлозии можеа да се слушнат во Киев цела ноќ. Масовниот руски напад врз украинскиот главен град се случи во позадина на самитот на Г-7 во Канада.

Седумте водечки демократии ја поддржуваат Украина откако започна војната пред повеќе од 3 години. Но, главната тема на овогодинешниот самит на Г7 е размената на удари меѓу Израел и Иран.

Поврзани содржини