Ајде да се самопрогласиме за луди

Но, сепак, ќе остане ли кај нив некое делче од сомнежот? Оној дека, покрај лукративните причини, наспроти здравиот разум, тие мислеле дека работат во интерес на државата? Ама која? Онаа „Северна Македонија“? Таква, извинете, не постои! Или – постои само на хартија. И тоа не го велам јас, или само јас. Тоа го потпишуваат околу 80% од македонските граѓани, најмалку само во „инает“ на оној Димитров, Заев, Маричиќ и останатата булумента. Како што, впрочем, истиот број граѓани, ако не и поголем, одбива да биде понижуван од Бугарија и неговата менторка еу (малите букви се…), да биде третиран како некаков бугарски отпадок со јазик што е „дијалект на бугарскиот“. И ни тоа не е во „инает“ на некои налудничави типови како Османи, Заев и компанија, туку е експлицитен израз на вековно самочувство, на правото на самоопределување и идентитет.

835

Јас, извинете, не можам да верувам на зборовите на онаа Калас: „Јасно е дека сакаме навистина Македонија да се придвижи по патот кон ЕУ и знаеме дека има пречки на тој пат. Тоа го дискутиравме денеска, дискутиравме за да можеме да најдеме механизми за да се надминат тие пречки.“ Ако на овие луѓе им требаа толку години да го разберат тоа, ќе им требаат уште толку за некакви придвижувања на тој пат. Имаме ли толку време за чекање?

Но, ова го говори моето скептично „јас“, а тоа не мора да биде точно. Меѓутоа, кога слушате, односно читате, што сѐ говорат оние шарлатани од таканаречената опозиција – а меѓу нив, богами, сѐ „професор“ до „професор“, „интелектуалец“ до „интелектуалец“ – не ни преостанува ништо друго освен да се самопрогласиме за луди, па и најлуди на светов, зашто не ги слушаме нивните совети туку тераме „мак на конац“ (што би рекле Србите). И зашто меѓу нив и нас нема среден пат: или си луд или „опозиционер“, без оглед што тоа „опозиционерство“ веќе сериозно одамна поприма манифестации токму на – лудило! Од не баш мал формат.






И како што вели една белграѓанка: како тоа ние дишеме ист воздух?

Па замислете како тие сега ги доживуваат дури и ваквите изјави на оваа Калас? Како ненормални, забегани, нож в грб на нивната децениска поддршка на (неуспешната) културна војна? Па за што се боревме, си велат тие? Па се боревте за пари, шутраци низаедни, ќе им каже некој, конечно!

Но, сепак, ќе остане ли кај нив некое делче од сомнежот? Оној дека, покрај лукративните причини, наспроти здравиот разум, тие мислеле дека работат во интерес на државата? Ама која? Онаа „Северна Македонија“? Таква, извинете, не постои! Или – постои само на хартија. И тоа не го велам јас, или само јас. Тоа го потпишуваат околу 80% од македонските граѓани, најмалку само во „инает“ на оној Димитров, Заев, Маричиќ и останатата булумента. Како што, впрочем, истиот број граѓани, ако не и поголем, одбива да биде понижуван од Бугарија и неговата менторка еу (малите букви се…), да биде третиран како некаков бугарски отпадок со јазик што е „дијалект на бугарскиот“. И ни тоа не е во „инает“ на некои налудничави типови како Османи, Заев и компанија, туку е експлицитен израз на вековно самочувство, на правото на самоопределување и идентитет.

И да, веројатно има и доза на инает, оној „позитивниот“, но не кон личности (домашни или странски) или народи туку како израз на отпор контра силата, неправдата, неаргументираните притисоци, подгреаните империјалистички страсти… итн. Дали некому тоа му се допаѓа или не, тоа не е наша работа.

Но, добро е што има и вакви празнувања како Денот на сесловенските просветители, за да уште еднаш ги видиме на дело тие вековни зовриени неморални апетити кон туѓото, како кај оној фаворитон на „заевистите“ Петков, демек американски шлифуван а всушност обичен бугарски малограѓански простак. И таквите провокации се одамна секојдневна пракса којашто по којзнае кој пат го наметнува прашањето: дали ние навистина сме подготвени да се самопрогласиме за луди и да ги прифатиме сите познати и непознати бугарски „услови“? Се разбира, зборот услови го ставам во наводници за да потенцирам дека секогаш кога претставници на еу, но и локални шалабајзери, го употребуваат тој збор, всушност не знаат за што говорат.

Зашто, прво, тоа не се услови туку се уцени – најмизерни, недостојни за демократски земји, не пак за цела една унија (малите букви се…). Второ, со такви невоспитани „услови“ можете да се занимавате само дома, во кругот на семејството – ако е еднакво невоспитано – но не и во билатерални односно меѓународни релации. Некои домашни „експерти“ тоа сакаат да го наречат и „меѓународна политика“, но и тие се, по сѐ изгледа, еднакво невоспитани и некултурни како и странските провокатори. Трето, какви односи, после сето ова садистичко тормозење, ќе се развиваат на билатерален или еу план? Нормални, пријателски…? Којзнае.

И четврто: што со оние останати „услови“ вешто скриени во протоколите и божем заборавени односно одамна од никого не спомнувани? И за тие ли ќе се правиме луди? Или некој ги смета за – нормални?

Ама ако оние неколукумина „професорчиња“, „амбасадорчиња“, „новинарчиња“… и останати сељачиња премачкани со сите малограѓански бои тоа така го гледаат односно сакаат да се прават луди, тоа сепак е нивен проблем. Но тие тоа го гледаат само преку нивните лукративни извори, протокот на парите и другите (незаслужени) удопствија. Никако поинаку. А ние не сме им го дале правото и нас да нѐ прогласуваат за луди.

Впрочем, предолго изигруваме локални палјачовци, немушти шутраци и историски празноглавци. Пред очи ни се одвиваа(т) неолиберални културни војни, ни прожектираат цела една ревизионистичка „епопеја“ (дури и на Втората светска војна!) пласирана од препишувачи, незнајковци, нечии потрчовци и платеници…, а ние само климаме со главите. И нѐ прогласуваат или се самопрогласуваме за луди. Тоа никогаш доброволно дадено право треба дефинитивно да им го поништиме на оној грст политиканти и нивните подопашни „интелектуални“ клиенти. Па нека се викаат и опозиција, или како милуваат. Зашто за нив има многу поприкладни имиња од тоа!

Просто е неверојатно нивото на коешто се спуштаат тие луѓе. Ним не им пречи она пелтечење на Петков за Бугарија како „ослободител од незнаењето на словенските народи“, туку фактот што со „британскиот кредит се поништува притисокот од ЕУ врз владата да го прифати ’францускиот предлог’“. Е па извинете, ова нормално ли е? Да бараат уште поголем притисок врз сопствената земја и народ кои би требало да прифатат дека – не постојат, или дека се тотално луди?! И леат солзи за опозицијата – сојузникот на онаа аморална еу – што со британските пари за оваа власт биле „пуштени низ вода“.

И сега, при вака „отворени карти“, а бидејќи пласманот на ваквите запрепастувачки конструкти доаѓаат од наводно „експертски“ глави, можеме ли да заклучиме дека токму еу бирократијата е таа што со пари го иницирала и понатаму го оркестрира неморалниот притисок врз Македонија, а преку т.н. опозиција и еден грст „интелектуални“ мегафони? Зашто друго нема, бидејќи наводно со принципот „пари веднаш“ се топи главната оска на влијание и поддршка на предавничката опозиција за прифаќање на уставните измени. И заради тоа ли е оваа јавна хајка на онаа булумента клиенти против договорот со Британија, сеење смут со подметнување на секаков тип сомневања, заплашување на јавноста со кампови за мигранти итн.? И ќе секнат ли сега и еу парите за нив, исто како и оние од фамозната usaid (малите букви се…)?!

И навистина ли оваа интелектуална багра мислеше дека таквите нивни подли игри не се проѕирни, посакувајќи овој „идентитетски пир“ бесконечно да трае, или барем уште извесно време, па потоа да дојдат очекуваните „големи пари“ во коишто и тие ќе имаат свој дел? И сериозно ли мислеа дека огромниот дел од јавноста ќе прифати да се самопрогласи за луд?!

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини