289 РУДАРИ СО ЧАСОВИ СЕ ЗАРОБЕНИ ВО РУДНИК ЗА ЗЛАТО Се прават напори за нивно спасување

Портпаролот на рудникот Клоф посочи дека рударите се на сигурно и им е доставена храна.

1,299

Во Јужна Африка во тек е спасување на 289 рудари, кои од синоќа се заробени под земја во рудникот за злато Клоф.

Јужноафриканската компанија Сибани-Стилвотер (Sibanye-Stillwater), сопственик на рудникот Клоф, соопшти дека во моментот се спроведуваат процедури за обезбедување на областа и испитување на окното, за да може рударите да бидат извадени на површина.






Портпаролот на компанијата посочи дека рударите се на сигурно и им е доставена храна.

Поврзани содржини