ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ, УДАР ЗА ФОН ДЕР ЛАЈЕН Епилогот на аферата Фајзергејт ќе влијае на угледот на Унијата?

Тоа е исто така голем срам со оглед на тоа што поминаа само неколку месеци откако таа (Урсула фон дер Лајен) јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и чесност во нејзиниот втор мандат, коментира Политико во врска со пресудата за необјавените смс-пораки кои ги размениле првата жена на ЕУ и првиот човек на „Фајзер“ во екот на пандемијата со ковид-19.

1,213

Општиот суд на ЕУ пресече во врска со аферата Фајзергејт во која е обвинета првата жена на ЕУ. Урсула фон дер Лајен загуби по сите точки во предметот. Пресудата веројатно ќе има огромни последици врз транспарентноста и врз одговорноста во ЕУ и ќе нанесе огромен удар врз угледот на фон дер Лајен, пишува бриселски Политико.

„Со пресудата на судот против неа, тоа обезбедува политичка муниција за широк спектар на критичари. Тоа е исто така голем срам со оглед на тоа што поминаа само неколку месеци откако таа јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и чесност во нејзиниот втор мандат“, коментира медиумот.






Во соопштението, судот вели дека Комисијата „не успеала да објасни на веродостоен начин затоа што сметала дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцини против ковид-19 не содржат важни информации… чие чување мора да се обезбеди“.

Според пресудата, Европската комисија погрешила што одбила да ги објави смс-пораките на претседателката Урсула фон дер Лајен со тогашниот извршен директор на „Фајзер“ за Брисел, Алберт Бурла, во екот на пандемијата ковид-19.

Новинарите побарале да ги видат тајните пораки, но не ги добиле. Дека смс-пораките постојат беше откриено во април 2021 година кога Фон дер Лајен и Бурла дадоа изјави за анализа на „Њујорк Тајмс“. Потоа, медиумот го покрена случајот во суд.

Бурла ги опиша нивните размени како поттикнување на „длабока доверба“ и олеснување на преговорите за значаен договор за вакцини.

Овој договор, финализиран во мај 2021 година, вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарди дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“-„БиоНТек“, што е убедливо најголемиот од сите договори потпишани од Брисел.

Политико пишува дека с’ржта на проблемот е дали текстуалните пораки треба да се класифицираат како документи и затоа да бидат подобни за објавување во име на транспарентноста.

Холандската европратеничка Ракел Гарсија Хермида ван дер Вале изјави дека oдлуката е „удар за транспарентноста“ на ЕУ. Европратеничката Дер Вале е дел од тим кој преговара измени во законот што го регулира пристапот до документи.

– Луѓето само сакаат и им е дозволено да знаат како се донесуваат одлуките, тоа е од суштинско значење во демократијата. Дури и ако тоа е направено преку текстуална порака – вели таа.

 

Поврзани содржини