📷 ХАЈДИ КЛУМ И ИРИНА ШАЈК ГИ ПРЕКРШИЈА СИТЕ ПРАВИЛА ВО КАН Германската манекенка се прошета во фустан со длабок шлиц до интимата
Познатата убавица, германскиот топ модел Хајди Клум се појави на Филмскиот фестивал во Кан, кој годинава се одржува по 78-ми пат.
Познатата убавица, германскиот топ модел Хајди Клум се појави на Филмскиот фестивал во Кан, кој годинава се одржува по 78-ми пат. За оваа пригода, таа избра цветен фустан од Ели Сааб кој е многу ефектен, меѓутоа, само пред фестивалот да не беше донесено ново правило за забрана на голотија на црвениот тепих…
Хајди очигледно не сакала да се откаже од фустанот што го избрала за црвениот тепих во Кан, дури и ако ги прекршила сите правила што ги пропишале организаторите.
Еве како Хајди се појави на фестивалот во Кан.
View this post on Instagram
Непосредно пред отворањето на Филмскиот фестивал во Кан, организаторите одлучија да постават построги правила во врска со облеката на црвениот тепих, пишува „Дејли мејл“.
Новите правила наложуваат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени комбинации. Во изминатите години, некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените „голи“ фустани. За да се обезбеди поголема „пристојност“, организаторите одлучија да ги забранат ваквите комбинации на облека оваа година.
Освен Хајди, и нејзината колешка, рускиот супермодел Ирина Шајк не беше премногу засегната од ова правило. Ирина се појави на церемонијата на отворањето на 78-от Филмски фестивал во Кан во смел црн фустан без прерамки. Ирина Шајк избра модел на гламурозен црн фустан со бели точки, пуфкасти ракави и долги црни ракавици. Иако овој стил е само донекаде во согласност со новите правила на Канскиот фестивал, според кои голотијата е забранета, Ирина, би се рекло, со овој модел ги тестирала границите на „премногу гломазните“ прописи. Покрај тоа што избрала фустан кој, според димензиите, не е во согласност со нововоспоставениот строг кодекс на облекување, овој модел е дизајниран така што открива голем дел од грбот, а и од градите.
View this post on Instagram