ОРИЗОВИТЕ ПОЛИЊА ЌЕ СЕ ПОПЛАВАТ СО ВОДА УШТЕ ДЕНЕСКА Трипуновски се состана со оризопроизводителите

Земјоделците покрај поплавување на оризовите полиња бараат уште и корекција во исплатата на субвенцијата од 6 денари за килограм, при што тоа да биде за целата предадена арпа, а не за 800 килограми арпа по пријавена површина. Тие побараа и побргу да почне откупот на ориз за стоковите резерви.

219

Водата од браната Калиманци уште денеска ќе биде пуштена кон оризовите полиња со цел да се запазат оптималните рокови кои согласно науката велат дека треба до 15-ти мај да се заврши сеидбата, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, откако незадоволните оризопроизводители од Чашиново Облешево денеска со блокада на магистрален пат побараа да се решат три проблеми за да се заврши сеидбата.

 – Во делот на она што значи поплавување со површини на вода очекувам дека нема да има проблем, земјоделците треба да бидат спокојни – рече министерот.






Трипуновски со земјоделците разговараше за наводнувањето и проблемите околу почетокот на сеидбата.

Тој информира и дека утрово добил информација од директорот на Управата за хидрометеоролошки работи дека наредните денови ќе имаме интензивни врнежи што значи дека хидролошката состојба ќе се подобри.

Заедно со министерот на состанокот со земјоделците е и  директорот на АД Водостопанство, во чија надлежност е пуштање на водата до оризовите полиња.

Земјоделците покрај поплавување на оризовите полиња бараат уште и корекција во исплатата на субвенцијата од 6 денари за килограм, при што тоа да биде за целата предадена арпа, а не за 800 килограми арпа по пријавена површина. Тие побараа и побргу да почне откупот на ориз за стоковите резерви.

Поврзани содржини