МУ ИЗВАДИЛЕ ПИШТОЛ КОГА ПРОБАЛ ДА ИЗБЕГА ОД ВОЗИЛОТО Mалолетник од Тетово насилно бил внесен во „бмв Х5“

Според соопштението на СВР Тетово, момчето успеало да им побегне, но Џ.Д. потоа извадил пиштол и му се заканувал.

1,154

Жена од тетовско Џепчиште пријавила дека двајца мажи го внеле нејзиниот малолетен син во  „бмв х5“, го нападнале со метален предмет и откако момчето успеало да побегне од возилото му извадиле пиштол и му се заканувале, информираше Министерството за внатрешни работи.

Ноќта меѓу недела и понеделник, околу 23 часот и потоа по 1 часот по полноќ, полицијата од Тетово ги привела 56-годишниот Џ.Д. и 52-годишниот Л.Д., се вели во полицискиот билтен.






Според соопштението на СВР Тетово, момчето успеало да им побегне, но Џ.Д. потоа извадил пиштол и му се заканувал.

Истите лица, според полицијата, ги пријавил и 24-годишен Тетовец. Рекол дека го внеле во истото возило против негова волја, го претепале и барале да им покаже кои се лицата што, наводно, ѝ земале пари на ќерката на Џ.Д.

Приведените останале во станица. По целосно расчистување на случајот, ќе им биде поднесена кривична пријава.

 

Поврзани содржини