СТОИЛОВ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Ќе му помага на селекторот Кире Лазаров
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов се враќа во стручниот штаб на ракометната репрезентација, соопшти селекторот Кире Лазаров.
Тој се враќа пред натпреварите против Естонија и Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонија во четврток од 18 часот гостува кај Естонија, а три дена подоцна во истиот термин ја пречекуваме Литванија.
Со победи во овие два меча, „црвено-жолтите“ ќе се пласираат на Европското првенство.