ВРАБОТЕНИТЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА НЕ ЗЕЛЕ ПЛАТА ОД ФЕВРУАРИ? Кирков од ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот кон градоначалничката Арсовска

Истите вработени известуваат дека последна плата која ја земале е февруарската плата и одтогаш немаат никакво примање, веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување!!!, реагираше на социјалните мрежи советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

278

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Стефан Кирков вели дека вработени во Скопската зоолошка градина му се обратиле со молба да им помогне во врска со надовно неисплаќање на плати од страна на градот. Кирков во објава на Фејсбук ја прозва градоначалничката Данела Арсовска за, како што вели, неодговорност, велејќи дека цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност.

„До мене како член на Советот на Град Скопје, но и како човек кој е ЗОО активист и ја следи, сака Скопската Зоолошка градина денес пристигна молба од вработените во оваа установа и барање за реакција и помош.






Истите известуваат дека последна плата која ја земале е февруарската плата и одтогаш немаат никакво примање, веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување!!!

Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата!!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!

Често барам одговорност но овој пат изгледа ќе треба да побарам и протести пред оваа установа која го допре дното во секоја смисла! Град Скопје , Данела Арсовска , Зоран Попов…?!“, реагира Кирков во објава на социјалните мрежи.

Поврзани содржини