БЕН АФЛЕК КОНЕЧНО ГО ДАДЕ НАЈЈАСНИОТ ОДГОВОР ЗОШТО МУ ПРОПАДНАЛ БРАКОТ СО ЏЕЈ ЛО Една негова реченица кажува сѐ
Џенифер Лопез и Бен Афлек откако повторно впловија во врска, а веднаш потоа и во брак, завршија неславно. Крајот на нивната љубов дојде по само година ипол.
Џенифер Лопез и Бен Афлек откако повторно впловија во врска, а веднаш потоа и во брак, завршија неславно. Крајот на нивната љубов дојде по само година ипол.
Бен Афлек не се огласуваше за нивниот брак и развод, но сега една реченица која ја изговорил актерот и режисер Бен Афлек привлекла огромно внимание во текот на промоцијата на неговиот нов филм.
Додека разговарал за филмот во текот на емисијата „Morning Joe“, оскаровецот Бен Афлек изговорил реченица која привлекла внимание.
„Луѓето кои најмногу ги сакате најмногу ве излудуваат“, изјавил Бен. Со тоа се обидел да го објасни односот на неговиот лик во филмот со ликот којшто го толкува Џон.
Афлек исто така изјавил: „И хуморот е вкоренет во тој однос“.
Во истото интервју Бен нагласил дека тој е среќна личност, без оглед на фотографиите на кои делува мрачно додека е во јавноста.
Оваа изјава доаѓа една недела откако тој ја опиша Џенифер Лопез како спектакуларна, велејќи:
„Таа е исклучително важна, прекрасна личност, полна со интегритет, која ја обожавам и на која сум ѝ благодарен.“.
Неговата реченица „луѓето кои најмногу ги сакате најмногу ве излудуваат“, многумина ја толкуваат како алузија на Лопез.
„Дејли мејл“ претходно објави дека бракот на Џеј Ло и Афлек покажувал знаци на напнатост кога Лопез го снимала документарецот со Афлек со наслов „This Is Me… Now: A Love Story“.
Во тој филм Афлек е видно вознемирен додека набљудува како Џенифер емоционално се крши поради обврските поврзани со продукцијата на филмот.
Повеќепати се обидувал да ја смири, велејќи ѝ да се опушти и да се навикне на процесот на снимање, но таа не успеала. Солзите ѝ течеле по образите додека зборувала дека се чувствува ужасно поради тоа што го пропушта настанот на којшто требало заедно да одат.
Бен Афлек за „Ентертејмент тунајт“ изјавил:
„Да биде јасно, Џенифер Лопез е спектакуларна, прекрасна кон моите деца, има прекрасен однос со нив“, објаснил актерот.