VISA I MASTERCARD ДОБИВААТ КОНКУРЕНЦИЈА Во САД се отвора крипто платежна мрежа

Во ЕУ изразија загриженост за можната доминација на доларските стејблкоини, што може да предизвикаат одлив на капитал од традиционалниот банкарски систем. 

144

Компанијата Circle, издавач на стејблкоинот USDC (крипто валута со фиксен курс поврзан со американскиот долар), најави отвoрање на глобална мрежа за исплати и трансгранични трансакции, а како можен конкурент на гигантите Visa и Mastercard.

Свеченото отвoрање на мрежата е закажано за утре -22 април во седиштето на компанијата во Њујорк, каде извршниот директор Џереми Алер ќе го претстави визионерскиот план за плаќања со стејблкоини.






Според изданието „Коиндеск“, пазарот на стејблкоини забележува брз раст, особено по изборот на Доналд Трамп. Новата регулатива од Белата куќа охрабрува развој на легални дигитални токени, што се обезбедени со американскиот долар. Circle и Tether остануваат водечки издавачи на USDC и USDT, чии пазарни капитализации изнесуваат $60 и $144 милијарди.

Circle, која првично се фокусираше на онлајн плаќања со биткоин, сега се враќа на платежниот бизнис преку мрежа насочена на банки, финтек-фирми и сервиси за парични услуги. Според изворите, новата мрежа првично ќе се користи за трансфери, но долгорочната цел е да конкурира на најголемите платежни системи.

Во меѓувреме, во ЕУ изразија загриженост за можната доминација на доларските стејблкоини, што може да предизвикаат одлив на капитал од традиционалниот банкарски систем.

Поврзани содржини