📷 ВЕРНИЦИТЕ ПОЧНАА ДА СЕ СОБИРААТ ПРЕД СОБОРНА ЦРКВА Со тивка молитва се очекува Велигден

Во текот на вечерта ќе се одржи свечена богослужба, по која ќе се објави радосната вест - Христос Воскресе.

488

Пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје веќе почнаа да се собираат верници, подготвувајќи се за најголемиот христијански празник – Велигден. Со свеќи в рака, во тивка молитва и во празнична атмосфера, граѓаните го одбележуваат денот на тишина и исчекување, Велика Сабота.

Фото: Плусинфо





Во текот на вечерта ќе се одржи свечена богослужба, по која ќе се објави радосната вест – Христос Воскресе.

Фото: Плусинфо

Повеќето од присутните носат велигденски свеќи, подготвени да го понесат благословот во своите домови. Очекувањата се дека бројот на луѓе ќе расте како што се приближува полноќ, кога традиционално се дочекува Велигден.

 

Поврзани содржини