ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА ТЕРЕН ПО НЕСРЕЌАТА НА ПАТОТ КИЧЕВО-ГОСТИВАР Ќе се извршат обдукција и тестови за алкохол и за дроги

Со цел утврдување на причините за несреќата, подигнати се траги од местото на несреќата, кои ќе бидат предмет на вештачење.

458

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, заедно со увидни екипи од МВР, изврши увид на местото на несреќата на патот Кичево-Гостивар каде што животот го загубија 3 лица во сообраќајна несреќа меѓу 3 возила, а осуммина се повредени, соопшти Јавното обвинителство на РСМ.

Со цел утврдување на причините за несреќата, подигнати се траги од местото на несреќата, кои ќе бидат предмет на вештачење.






Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или на други супстанции кај повредените.

По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија.

3 ЛИЦА ЗАГИНАА, А 8 СЕ ПОВРЕДЕНИ КАЈ КИЧЕВО Детали од страшната несреќа кај Трапчин Дол

Поврзани содржини