3 ЛИЦА ЗАГИНАА, А 8 СЕ ПОВРЕДЕНИ КАЈ КИЧЕВО Детали од страшната несреќа кај Трапчин Дол

„Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила“, изјави за Плусинфо портпарол на СВР Охрид, Стефан Димоски.

4,129

Најмалку три лица се загинати, а осум се повредени во несреќата која вечерва се случи на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол, информира за Плусинфо портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, осум лица се повредени дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево и дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила – ни изјави портпарол на СВР Охрид, Стефан Димоски.






Поради сообраќајната незгода што се случила на магистралниот пат А2, на делницата Кичево – Гостивар, во близина на местото Сеферов Бунар меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, сообраќајот е во целосен прекин во двата правци, информираше АМСМ.

ВОЗИЛАТА СТОЈАТ, ПАТОТ ПАРАЛИЗИРАН Несреќа на патот Кичево – Гостивар го запре сообраќајот во двата правци

Поврзани содржини