ВОЗИЛАТА СТОЈАТ, ПАТОТ ПАРАЛИЗИРАН Несреќа на патот Кичево – Гостивар го запре сообраќајот во двата правци
Инцидентот предизвикал блокада на патот за сите видови возила, информираа од надлежните служби.
Поради сообраќајна незгода што се случила на магистралниот пат А2, на делницата Кичево – Гостивар, во близина на местото Сеферов Бунар меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, сообраќајот е во целосен прекин во двата правци.
Инцидентот предизвикал блокада на патот за сите видови возила, информираа од надлежните служби. Моментално, полициски екипи и други служби се на терен, а се очекува информации за времетраењето на прекинот да бидат дополнително соопштени.
Возачите се повикуваат на претпазливост и избегнување на делницата додека траат увидот и евентуалното расчистување на патот.