ДРВО ОШТЕТИ ТРИ ВОЗИЛА КАЈ „МЛЕЧЕН“ Инцидент во Скопје, надлежните го расчистуваат хаосот

Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП „Паркови и зеленило“ за да го отстранат паднатото дрво од улицата.

1,119

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул. Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.

Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили. Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП „Паркови и зеленило“ за да го отстранат паднатото дрво од улицата.






Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

Поврзани содржини