ДОБИЛ НА РУЛЕТ, АМА ДОБИЛ И ЌОТЕК Откако му се посреќило го удрил рулетот и го искршил стаклото

453

Скопјанец пријавил дека бил натепан откако добил на рулет додека играл во казино во Радишани, соопшти полицијата.

На 16.04.2025 околу 23.45 часот во СВР Скопје, Е.С. од Скопје пријавил дека во казино во Радишани неколку лица, од кои едното го познавал, физички го нападнале и му одзеле пари.






Според пријавеното, тој играл рулет и откако добил пари го удрил рулетот и го искршил стаклото. По тоа за кратко време бил повикан од вработениот во обезбедувањето во канцеларија, каде што дошле лицата и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини