И ПОЛИЦАЈЦИ СЕ НАУЧИЛЕ ДА БАРААТ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ Наплатиле 10.000 евра за денови кога не оделе на работа

Во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 614.750 денари.  

377

Десетмина полицајци, вработени во Единицата за брзо распоредување, кои живееле надвор од главниот град, се осомничени дека примале пари од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од дома до работното место во Скопје.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полициските службеници М.П., С.С., Х.С., Б.С., М.Д., Д.Ј.Ј., Н.В., Д.А., Г.С. и Д.Ч. поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.






Пријавените, вработени во Единицата за брзо распоредување, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале пари од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно. Со тоа тие во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 614.750 денари.

Поврзани содржини