АНГИОГРАФОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА Е СПРЕМЕН ЗА УПОТРЕБА Тежи 2 до 3 тони, па требаше да се постави на шини за поголема безбедност
Прашан за набавката на апаратот за ангиографија на Клиниката за кардиохирургија и зошто досега не бил ставен во функција, министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека секогаш се бара од клиниките да посочат какав апарат бараат.
Апаратот за ангиографија на Клиниката за кардиохирургија, кој со месеци не беше ставен во функција, конечно е инсталиран, потврди министерот за здравство, Арбен Таравари.
Тој појасни дека станува збор за комбиниран уред – компјутерска томографија и ангиограф – чијашто специфична тежина барала дополнителна заштита и поставување шини.
Прашан за набавката на апаратот за ангиографија на Клиниката за кардиохирургија и зошто досега не бил ставен во функција, министерот рече дека секогаш се бара од клиниките да посочат какав апарат бараат.
– Одлучиле да набават апарат кој е и компјутерска томографија и ангиограф и вистина е дека побарале да се постави на шини за да биде посигурен и со тоа подобро сме со осигурале за да не биде за 2 или 3 тони колку што тежи. Точно не знам и сега тоа е направено и апаратот веќе е инсталиран – истакна Таравари.