ФИКСИРАН Е РАСКЛАТЕНИОТ КЛИМА УРЕД Граѓани пријавиле кај Стојанче Ангелов, Општина Кавадарци веднаш реагирала
Од ЦУК апелираат до граѓаните доколку забележат слични вакви опасности, кои можат да ја загрозат нивната безбедност, животот и здравјето, како и материјалните добра, веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК.
Прицврстен е расклатениот клима уред кој висел над банка во Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„По добиена пријава за накосена и расклатена клима над Уни Банка во Кавадарци, која претставуваше опасност за минувачите, особено за лицата кои ги користат услугите на банката, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов веднаш стапи во контакт со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, по што проблемот беше веднаш отстранет, односно климата беше фиксирана“, соопшти Центарот за управување со кризи.
Оттаму апелираат до граѓаните доколку забележат слични вакви опасности, кои можат да ја загрозат нивната безбедност, животот и здравјето, како и материјалните добра, веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК.