31-ГОДИШНА ШТИПЈАНКА СО „ШЕВРОЛЕТ“ ЗАВРШИ ВО КАНАЛ Тешко повредена жена по излетување од автопатот кај Штип

Инцидентот се случил вчера околу 10.50 часот, при што патничкото возило од марката „шевролет“, со штипски регистарски ознаки, завршило надвор од коловозната лента.

1,292

31-годишната А.Т. од Штип излетала со автомобил од автопатот Миладиновци–Штип, поточно кај клучката Север при што била потешко повредена. Инцидентот се случил вчера околу 10.50 часот, при што патничкото возило од марката „шевролет“, со штипски регистарски ознаки, завршило надвор од коловозната лента.

А.Т. се здобила со тешки телесни повреди и итно била пренесена во Клиничката болница во Штип.






„Полицијата веднаш интервенираше на местото на несреќата. Извршен е увид од страна на увидна екипа од ОВР Свети Николе, а за случајот е известен и надлежен јавен обвинител“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Се истражува дали причина за несреќата е брзо возење, момент на невнимание или евентуален дефект на возилото.

Поврзани содржини