АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ДА ГИ ОПФАТИ И СЛУЧАИТЕ ЛАСКАРЦИ, МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА И ДРУГИ Мицкоски бара расчистување на предметите без импровизација
Имаше идеја за анкетна комисија за случајот со Кочани. Нашата пратеничка група предложи комисијата да се прошири и за случаите со Ласкарци, Дурмо Турс, Беса Транс и со Модуларната болница. Нема повеќе простор за импровизација, мора да се расчистат сите случаи. И јавноста секако тоа да го надгледува., одговори премиерот на новинарско прашање.
Нема повеќе простор за импровизација за случаите со Ласкарци, Дурмо Турс, Беса Транс, Модуларната болница и трагедијата во Кочани, рече премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали верува дека судиите во Македонија се кадарни да спроведат независна истрага за пожарот во Кочани.
– Имаше идеја за анкетна комисија за случајот со Кочани. Нашата пратеничка група предложи комисијата да се прошири и за случаите со Ласкарци, Дурмо Турс, Беса Транс и со Модуларната болница. Нема повеќе простор за импровизација, мора да се расчистат сите случаи. И јавноста секако тоа да го надгледува.
Мицкоски истакна дека во истрагата за трагедијата во Кочани досега 34 лица се во притвор додека за другите споменати предмети таа бројка изнесува нула и дека за нив се произнел само примарниот суд.
– Кога зборуваме за објективна одговороност, тогаш ќе треба сите случаи кои набрзина беа заташкани во случаите со Ласкарци, Беса Транс Во дел од нив се произнел само примарниот суд. Тој ресет ќе мора да се направи на сите нивоа. Како е направен тендерот и зошто, кој бил надзор, зошто не бил пуштен. Тие случаи завршија со нула приведени, додека за случајот во Кочани досега има 34 приведени и бројни други лица се повикани на разговор.
Премиерот беше прашан и дали има простор во истрагата за Кочани да бидат обвинети и актуелни политичари или некои од тие политичари да дадат оставки, на што изјави дека истрагата ја води Јавното Обвинителство и дека таму треба да се постави истото прашање.
– Ако цените дека треба јас да поднесам оставка од морални причини, немам проблем да го сторам тоа – додава Мицкоски.
Премиерот не сакаше да ја коментира смената на лидерската позиција по партиските избори во опозицискиот СДСМ, но кратко рече дека му честита на Венко Филипче и дека му посакува успешна работа како претседател на партијата.
Тој откри дека Филипче изразил желба да соработува во законски измени од две области во реформската агенда која е дел од Планот за раст на патот на Македонија кон ЕУ.
– Ги чекам имињата кои треба да ги достави СДСМ за реформи во владеењето на правото и во енергетиката, во тие два сектори Филипче изрази желба СДСМ да учествува со свој кадар во формирање на законските решенија. Тоа е заеднички проект така што очекувам конструктивност од сите партии – објасни Мицкоски на тематска прес-конференција во Владата по повод Светскиот ден на здравјето.
Во врска со претстојните локални избори во октомври, премиерот рече дека пред изборите не се планира реконструкција на Владата и дека односите со коалицискиот партнер Вреди се одлични.