„БУЛМАК“ КАЗНЕТ СО 200.00 ЕВРА ЗА ИСТЕКУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНА ВОДА Дефектот е саниран и истекувањето е запрено
Компанијата „Булмак“ на 14.03.2025 година соопшти дека во периодот од 06:30 до 07:00 часот се случил инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошка вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација и содржи само механички онечистувања, односно е заматена.
Компанијата „Булмак 2016“ ДООЕЛ е казнета со 200.000 евра и 10.000 евра за одговорното лице поради излевањето на загадена вода што се случило по пукање на цевка на 14 март годинава.
Државниот инспекторат за животна средина извршил вонреден инспекциски надзор на 24.03.2025 година и утврдил дека „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка, согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина, сторила прекршок од трета категорија. Сторителот се согласил да се поведе постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Компанијата „Булмак“ на 14.03.2025 година соопшти дека во периодот од 06:30 до 07:00 часот се случил инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошка вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација и содржи само механички онечистувања, односно е заматена.
Булмак извести дека во меѓувреме дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата.
Со потпишување на записник сторителот се согласил да се поведе постапка за спогодување согласно член 212-г од Законот за животната средина.
Предвидената прекршочна глоба за големи трговци согласно регистрацијата во Централен регистар на РСМ во овој случај за правниот субјект е максимална и изнесува 180.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, односно максимални 10.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице.
Министерот Изет Меџити испрати јасна порака дека нема толеранција за загадувачите.
– Законот мора да се почитува. Секој што ќе ја загрози животната средина ќе се соочи со санкции, без исклучок. Инспекциските контроли ќе продолжат со засилено темпо, а Министерството ќе инсистира на целосна транспарентност и одговорност. Ова е само еден од многуте чекори што ги преземаме за да обезбедиме чиста и безбедна околина за сите граѓани – порача Меџити.
Министерството за животна средина и просторно планирање е целосно посветено на заштита на природните ресурси и подобрување на механизмите за следење и контрола.