ТАЖНА РОДЕНДЕНСКА ПЕСНА НА ПЕРЕ НОКАУТ „Денес ми е роденден. Не те славам. Не ми се пие и пее. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината“

По повод својот роденден, Пере на еден емотивен и трогателен начин, ја сподели својата тага преку стихови што ги објави на својот инстаграм-профил, преку кои ја искажува болката поради трагедијата што се случи во Кочани.

303

Македонскиот музичар Никола Перевски Пере од „Нокаут“ денеска полни 47 години.

По повод својот роденден, Пере на еден емотивен и трогателен начин, ја сподели својата тага преку стихови што ги објави на својот инстаграм-профил, преку кои ја искажува болката поради трагедијата што се случи во Кочани.






Пере во емотивната песна на Инстаграм вели дека не му е до славење, уште помалку до пеење и пиење…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)


„РОДЕНДЕН

Денес ми е роденден.
Се сеќавам.
Не те славам.

Ова не е објава,
туку белег со неколку реда
што ме болат.

Не ми се пие и пее,
не ми се брои
години.

Децата изгореа во песната,
музичарите паднаа на бината.
Како ноти што никогаш
не добиваат рефрен.

Некои си отидоа
пеејки.
Други со рацете на жиците.

Сцената ги прегрна
мајка како што не пушта и
кога знае дека губи.

Денес ми е роденден.
но нема што да посакувам.

Освен да го вратат времето
или барем
да престане да пече.“

Поврзани содржини