ИНСПЕКТОРИТЕ ЗАТВОРИЈА 15 УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ БЕЗ ЛИЦЕНЦА Владата обезбеди 30 милиони денари за семејствата на повредените

Како што информираше владината портпаролка Марија Митева, во последните два дена биле спроведени 50 инспекциски контроли во објекти кои се регистрирани како кабареа и диско клубови. Притоа е констатирано дека само 22 објекти имаат валидна лиценца, додека кај 15 угостителски објекти лиценците биле со истечен рок или целосно недостигале.

4,482

Државниот пазарен инспекторат затвори 15 угостителски објекти, главно кабареа, ноќни и диско клубови, бидејќи не поседувале важечки лиценци за работа. Ова го соопшти денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

Како што информираше Митева, во последните два дена биле спроведени 50 инспекциски контроли во објекти кои се регистрирани како кабареа и диско клубови. Притоа е констатирано дека само 22 објекти имаат валидна лиценца, додека кај 15 угостителски објекти лиценците биле со истечен рок или целосно недостигале.






Поради ова, инспекторатот веднаш им наложил забрана за вршење дејност на сите објекти кои немале важечки лиценци.

– Дополнително, 22-та објекти со регуларни лиценци денеска биле повторно подложени на дополнителни проверки за да се утврди дали ги почитуваат сите законски норми. Министерството за економија во моментов врши и посебни проверки за да утврди дали издадените лиценци се исправни или евентуално содржат административни или архивски пропусти – рече Митева.

Митева информираше и дека Владата донела одлука да обезбеди 30 милиони денари преку Министерството за финансии, кои ќе бидат пренесени на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР).

Средствата се наменети за покривање на трошоците за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.

Според Митева, за 58 лица веќе е обезбедено сместување и транспорт, а помошта ќе важи и ретроактивно за лицата кои заминале во странство пред официјализирање на оваа владина одлука.

Поврзани содржини