ЈА УДРИЛА СО КОЛА НА ПЕШАЧКИ И ИЗБЕГАЛА 18-годишна девојка од Тетово заврши во болница

Полицијата ја започна истрагата и презема мерки за откривање на жената возач и расчистување на случајот. Се очекува дополнителни информации од истрагата која сѐ уште е во тек.

562

18-годишна девојка била повредена во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во Тетово, кога патничко возило управувано од жена удрило во неа. По инцидентот, возилото го напуштило местото на настанот, оставајќи ја повредената девојка на земја.

Според пријавата, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците Борис Кидрич и Благоја Тоска во Тетово. Повредената А.З., била транспортирана во Клиничка болница Тетово, каде што се потврдени телесни повреди.






Полицијата ја започна истрагата и презема мерки за откривање на жената возач и расчистување на случајот. Се очекува дополнителни информации од истрагата која сѐ уште е во тек.

Поврзани содржини