ВИДЕОЛОТАРИЈА Е НОВ СПОНЗОР НА АКАДЕМИЈА ФМП Ново спонзорство во македонската кошарка

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да инвестира во општествено одговорни активности, како што се спонзорства и донации за спорт, образование и култура, во кои за последните 10 години вложи повеќе од 205 милиони денари.

230

Видеолотарија Касинос Австрија стана нов пријател и спонзор на кошаркарскиот клуб Академија ФМП.

Како дел од својата посветеност кон развојот на македонскиот спорт, Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ја потврдува својата поддршка на клубот, со што ќе придонесе за подобрување на условите за тренинг и игри на младите кошаркари.






„Преку ова партнерство, ќе помогнеме во создавање подобри услови за играчите и ќе ги поддржиме младите таленти во кошарката. Ова е само еден од нашите чекори во континуираната поддршка на спортот и заедницата“, изјавија од компанијата.

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да инвестира во општествено одговорни активности, како што се спонзорства и донации за спорт, образование и култура, во кои за последните 10 години вложи повеќе од 205 милиони денари.

Поврзани содржини