СЕ СУДРИЛ СО „ОПЕЛ“ НА КРСТОСНИЦА ВО КУМАНОВО Возачот на мопедот и малолетниот сопатник се тешко повредени
На 01.03.2025 во 11.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улицата Веселин Маслеша и улицата Трајко Прокопиев во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(44) од Куманово, и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(42) од Куманово.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.