СИНЕР НЕ ГО ПРИМААТ ВО ЛОКАЛНИОТ КЛУБ ВО МОНТЕ КАРЛО? Тримесечната суспензија тешко му паѓа на Италијанецот

Синер ќе може слободно да тренира на места кои не се поврзани со националните федерации, АТП, ВТА и ИТФ.

1,074

Тенискиот клуб Монте Карло кој се наоѓа во близина на домот на светски познатиот тенисер Јаник Синер одбил да го прими тенисерот поради неговата тримесечна суспензија со скандалот со допинг.

„Клубот Монте Карло е поврзан и со француската и со монегашката тениска федерација. Тоа е приватен клуб, но тоа не го ослободува од обврските кон двете споменати федерации“, соопшти тенискиот клуб и со тоа ги затвори вратите за Италијанецот и неговите тренинзи.

 






Исто така академијата „Лауреус“ реши на Синер да му ја отповика номинацијата за спортист на годината.

Синер ќе може слободно да тренира на места кои не се поврзани со националните федерации, АТП, ВТА и ИТФ. Италијанецот ќе се врати во игра дури во мај на турнир во Рим, а можеби ќе го видиме и на Ролан Гарос.

 

Поврзани содржини