📷 ЕРДОГАН ГО ПРЕЧЕКА СВОЈОТ ГОСТИН ОД МАКЕДОНИЈА Мицкоски најави уште посилни врски меѓу турскиот и македонскиот народ

522

Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, напиша премиерот Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил.

Во таа насока, објави Мицкоски, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.






„Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво. Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи“, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА СВЕТСКА СИЛА ЈА ВОЗДИГНА МАКЕДОНИЈА НА НИВО НА СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР Која е суштината на декларацијата што ќе ја потпишат Ердоган и Мицкоски

Поврзани содржини