55-ГОДИШЕН МАЖ ПОЧИНА ПО ПАД НА ГРАДИЛИШТЕ Работник падна од објект, лекарите не можеле да му го спасат животот
Работникот од кумановско паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
55-годишен маж од селото Черкези, Кумановско, почина откако паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода, информира полицијата.
Според пријавеното, несреќата се случила додека извршувал градежни работи, а со тешки телесни повреди бил пренесен во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Лекарите се обиделе да му помогнат, но тој подоцна им подлегнал на повредите.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и работи на расчистување на случајот.