📽 ТРАМП ВО ГЛАВНА УЛОГА, ЛУКСУЗ, ЗАБАВА И ПАРИ Американскиот претседател објави видео како ја замислува Газа по војната

Оваа визија ја следи неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците во соседните арапски земји, со цел да се изврши масовна реконструкција на местото на уништената Газа.

869

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social сподели видео создадено  од вештачка интелигенција како ќе изгледа Газа по завршувањето на војната и по нејзината реконструкција.

Видеото со наслов „Газа 2025 – што е следно? ја прикажува сегашната разрушена од војна Газа како се трансформира во модерен крајбрежен град, преполн со хотели, облакодери и луѓе.






Оваа визија ја следи неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците во соседните арапски земји, со цел да се изврши масовна реконструкција на местото на уништената Газа.

Целото видео е проткаено со мотиви на луксуз, забава и пари. Во него се појавуваат Трамп и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху  како се сончаат на плажа и милијардерот Илон Маск како им фрла пари и други нешта.

Ова видео доаѓа во време на интензивна дебата за американското учество во мировните напори и можностите за обнова на Блискиот Исток.

Белата куќа не го коментираше ова видео и не прецизираше како се вклопува во актуелните стратегии за надворешна политика.

Поврзани содржини