ПОВЕЌЕ ОД 15.000 НАРАЧКИ ЗА СРПСКИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ Еве по која цена може да се купи „фиат панда“
Српската „гранде панда“ главно се купува Италија, како традиционален пазар за возилата на „Фиат“, но и во Шпанија и Франција.
Пред неколку дена српските медиуми објавија дека почнал извозот на првиот електричен автомобил „фиат панда“ произведен во фабриката на „Стелантис“ во Крагуевзац.
Беше најавено дека во Европа има побарувачка и голем интерес за овој модел електричен автомобил бидејќи неговата цена е пониска за 30% во однос на останатите. Дури се смета дека е поевтин и од кинеските модели. Веќе се направени 15.000 нарачки.
Производството се врши во една смена, но фабриката најавува зголемување на капацитетот, со што би се осигурило дека меѓу 300 и 400 готови автомобили, подготвени за испорака, секојдневно излегуваат од производната лента.
Српската „гранде панда“ главно се купува Италија, како традиционален пазар за возилата на „Фиат“, но и во Шпанија и Франција.
Како што соопштија од „Ауто-мото Ревија“, во Европа се примаат нарачки со почетна цена од 24.900 евра – за модел со понизок пакет на опрема. За српскиот пазар се чекаат информации за цената на автомобилот.
Поранешниот извршен директор на Stellantis, Карлос Таварес во јули минатата година изјави дека .
– Се надевам дека овој автомобил ќе биде најпродаван во Германија, Италија, Франција и Шпанија. Мислам дека сега сме подобри и поконкурентни од кинеските модели, најмногу во однос на цената. „Гранде пандата“ првично ќе биде за 30% поевтина од другите, што значи дека со државната субвенција ќе може да се купи од 15.000 до 16.000 евра – изјави лани поранешниот извршен директор на Stellantis, Карлос Таварес.
Речиси сите европски држави имаат воспоставени субвенции за електрични возила. И српската влада неодамна објави дека одобрува субвенции за купување електрични возила.