КУМАНОВКА ДАЛА 2.000 ЕВРА НА ТУЃИНЕЦ Ја лажел дека синот и снаата прегазиле дете

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично, се вели во полицискиот билтен.

149

Кумановка била измамена за 2.000 евра од лице кое на телефон се претставило како полицец и ѝ рекло дека мора да плати пари за да не бидат кривично гонети нејзиниот син и снаа кои наводно прегазиле дете во сообраќајка, информираше кумановската полиција.

„На 20.02.2025 во 16.30 часот во СВР Куманово, 78 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично“, се вели во полицискиот билтен.






Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини