18.132 КАЗНИ ЗА 20 ДЕНА, ПОЛИЦИЈАТА ПОВЕЌЕ НЕ ПРОСТУВА Над 6.000 санкции за брзо возење, а 1.500 лица возеле без дозвола

Ригорозни контроли низ Македонија, откриени прекршители без дозвола, пијани возачи и пекршоци за пешаци.

621

Полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР во периодот од 1 до 20 февруари издале дури 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот.

Најчести причини за казнување се:






– Пречекорување на брзината – 6.056 случаи
–  Непрописно паркирање – 4.213 случаи
–  Непоседување возачка дозвола – 1.510 случаи

Полицијата секојдневно открива прекршители

Во текот на вчерашниот ден (20.02.), издадени се 864 казни, од кои:

–  273 за брзо возење

– 270 за непрописно паркирање

– 58 за возење без возачка дозвола

– 33 за некористење сигурносен појас

–  28 за зборување на мобилен телефон

Покрај ова, 14 пешаци направиле прекршоци, седум возачи биле фатени со алкохол во крвта, а тројца поминале на црвено светло.

Дополнително, 21 нерегистрирано возило е отстрането од сообраќај, согласно Законот за возила.

Од МВР апелираат на поголема внимателност и почитување на сообраќајните правила за зголемување на безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини