ДАЛИ И ФИЛИПЧЕ СМЕТА ДЕКА ТРАМП Е РЕКЕТАР И НЕОНАЦИСТ? Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по навредите на Ордановски кон претседателот на САД
Сашо Ордановски кој важи за близок до СДСМ излезе со шокантни тврдења и навреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е рекетар и неонацист, кој лаже. Од СДСМ нема ниту збор за ваквите навреди, ниту осуда и ниту јавно оградување, што значи дека оваа партија и Венко Филипче се согласуваат со ваквите навреди кон важните стратешки партнери на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение реагира на критиките на новинарот, Сашо Ордановски, за претседателот на САД, Доналд Трамп.
Од владејачката партија велат:
„Сашо Ордановски кој важи за близок до СДСМ излезе со шокантни тврдења и навреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е рекетар и неонацист, кој лаже. Од СДСМ нема ниту збор за ваквите навреди, ниту осуда и ниту јавно оградување, што значи дека оваа партија и Венко Филипче се согласуваат со ваквите навреди кон важните стратешки партнери на државата. Оттука јавно прашуваме дали ова не е јасно скршнување од прозападниот курс на СДСМ?“, праша ВМРО-ДПМНЕ, барајќи одговор и од Венко Филипче кој е неговиот став на навредите.
Ордановски претходно рече и дека Трамп е идеолошки вљубен во Путин.