ГОЛЕМ ГАФ НА ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ Не треба да има никаков пропуст, а не да чека утврдување тежок пропуст за да си оди
Самиот факт што нема постапка за извршителите на Заеви во судството говори колку и самиот Љупчо Коцевски е извршител на СДСМ и на Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Голем гаф на обвинителот – со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка Љупчо Коцевски кажува дека доколку е лесна грешката или пропустот, тој ќе остане, соопшти ВМРО-ДПММЕ.
„Кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст? Јавен обвинител не смее да има никаков пропуст ако сака и другите во државава кои треба да ги истражува да немаат никаков пропуст. Зошто тогаш тие со помал пропуст не ги ослободува како обвинител? Оти, според него мал пропуст не е причина за разрешување. Тогаш мал пропуст, мал прекршок на закон не треба да се санцкионира, според таа логика“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија соопшти и дека опозициската СДСМ го брани Љупо Коцевски затоа што „не отвори постапки за извршителите на човекот на Зоран Заев, Наќе Георгиев, кој постапи по неговите наредби во случајот со Боро Марлборо“.
„Ако работеше по закон, по признанието на вина од страна на поранешниот врховен судија, Наќе Георгиев дека влијаел за пресудување на помала казна за Боро Марлборо, за што се стекнал со имотна корист, Љупчо Коцевски ќе отвореше истрага за судиите и обвинителите во тој случај. Ако Наќе Георгиев примил поткуп и влијаел, тогаш судиите во предметот суделе по налог на Наќе Георгиев, а не по закон. Самиот факт што нема постапка за извршителите на Заеви во судството говори колку и самиот Љупчо Коцевски е извршител на СДСМ и на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.